Ова е девојката која ја уби I-Phonе во када (Фото)


Млада Русинка загинала од електрошок додека се капела во када. Таа сурфала на социјалните мрежи додека уживала во изнајмен стан во Москва, пред да се случи оваа страшна несреќа.

Јевгенија Свириденко (24) од градот Перма се одмарала во када и прегледувала на VKontakte, руска верзија на Фејсбук, кога од раце и се лизнал телефонот. Мобилниот телефон во тој момент бил приклучен на полнач.

jevgenija

– Забележав дека ја нема некое време, ја довикував, но не добив одговор. Ја отворив вратата од купатилото и ја видов бледа како плута, раскажал потресениот цимер Јарослав Дубињин (23).

– Го забележав нејзиниот телефон на дното од кадата, се уште беше на полнач, а телото се уште и` се тресеше од шок, додал Јарослав.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1