Косовските срби на протести против договорот меѓу Србија и Косово


Косовските Срби ќе протестираат против договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Србија, кој го потпишаа премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи, изјави за медиумите еден од лидерот на косовските Срби и заменик шеф на канцеларијата на српското министерство за Косово и Метохија, Крстимир Пантиќ.

kosovo je srbija fotoТој упати повик до српскиот претседател Ивица Дачиќ да го посети Косово и таму да го објасни договорот потпишан во Брисел. Покрај тоа, Пантиќ, изјави дека во понеделник во Косовска Митровица ќе биде организиран голем митинг на кој ќе биде донесена одлука за формирање парламент на северниот дел од Косово, пренесува макфакс.

Пантиќ изјави дека со договорот се овозможува функционирање на полицијат и судските органи во рамките на косовското законодавство, и тие нема да имаат никаква врска со српските органи на власта. Тоа, според него, претставува конечно повлекување на Србија од Косово.

„Ќе се консултираме со нашите сограѓани за натамошните чекори. Доколку тие се согласат, а јас сум уверен во тоа, нема да дозволиме тоа да се спроведува на теренот”, вели Пантиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1