Странските амбасадори лично ќе го следат гласањето во Центар


Ќе се прегласува на 29 избирачки места во Центар, во девет во Струга и едно во Ѓорче Петров. Денес гласаат болните и изнемоштените лица. По затворањето на избирачките места ќе течат роковите за претставки до ДИК, а потоа и за тужби до Управниот суд

izbori glasanjeОд 7 до 19 часот утре, вториот круг од локалните избори ќе се повтори на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.

За прегласувањето кое ќе се одржи утре во овие четири општини, дополнително беа акредитирани уште неколкумина набљудувачи. Амбасадорите на САД и на земји-членки на Европската унија ги набљудуваат избирачките места на кои ќе се гласа во општина Центар.

Откако набљудувачите на ОБСЕ и ОДИХР ја завршија својата мисија, странските амбасадори во Скопје одлучиле лично да го следат гласањето во Центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1