Кованица од милијарда долари за спас од кризата


Соработниците на американскиот претседател Барак Обама размислуваат за можноста во САД да се воведе кованица од милијарда долари, како би се избегнала блокадата на државните финансии.

kovanica od milijarda
Американскиот министер за финансии, Тимот Гајтнер, треба да даде налог за изработка на една кованица, која би имала номинална вредност од милијарда долари и која би била сместена во трезорот на американската централна банка, со што со еден потег, би се решиле сите проблеми со долговите на оваа земја.
Стапката на инфлација, во случај на издавање на ваква кованица, драстично би пораснала, предупредуваат експертите.
Инаку паричките направени од цинк, никел, бакар и манган се одобрени во министерството за финансии, кое пак не може да даде налог за ковање на нови пари.
За количината на парите одлучува централната банка за Федерални резерви (FED). Но, постои исклучок, кој предвидува дека министерот за финансии смее да даде овластување да се коваат парички од платина.
Гајтнер би можел да направи платина паричка од една милијарда долари. За таа сума тогаш би можел да се намали државниот долг.
Петицијата за ваквата идеја на интернет страницата на Белата Куќа веќе е потпишана од страна на илајдници луѓе, а за да биде истата успешна потребно е да се соберат 25,000 потписи.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1