Коѕијас: Македонија е дар од Бога, но избрала погрешен кум


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека разликите за името не значат дека Грција е против постоењето на Македонија, но смета дека освен името, главен проблем со неа е иредентизмот.

– Всушност во односите меѓу Атина и Скопје има два проблема, првиот е досегашната неодговорност, а вториот е чувството на Македонија дека Грција не го сака нејзиното постоење. Јас тоа со моите изрази на афинитет го порекнувам, но тие не сакаат да слушаат, дека нивната земја е дар од Бога, но проблемот е што избрале погрешен кум. Разликите во името не значат дека Грција не го сака постоењето на оваа држава, како и дека има какви било планови за нејзина реогранизација или дезинтеграција, вели Коѕијас во изјава за урденици за надворешна политика во грчките медиуми, пренесува МИА.

Најавува дека Македонија и Грција ќе формираат комитет, кој ќе направи ревизија на учебниците и ќе се обиде да ги надмине несогласувањата во однос на историскиот контекст.

Коѕијас посетува дека ваков комитет веќе е формиран меѓу Грција и Албанија и оти досега се решени споровите за тоа што во двете земји се изучува во десет од 12 одделенија, но дека двете преостанати се најтешки во контекст на историјата и географијата.

– Ќе создадеме таков комитет и за Македонија. Немема ништо против да погледнеме во нашите книги и ако во нив има нешто погрешно, немам ништо против да биде коригирано, рече Коѕијас.

Тој смета дека всушност е добро што Македонија постои и нагласува дека доколку Атина и Скопје ги решат проблемите ќе имаат забрзана и одлична соработка, поради сличностите меѓу нив, особено со северна Грција.

Коѕијас потсети дека изминатите две години двете земји промовираат градење мерки на доверба, кои на почетокот на наишле на поддршка, но денес се целосно поддржани и од двете земји и од меѓународната заедница.

Во подготовка е серија нови мерки. Тој ја спомена реконструкцијата на старата железничка линија меѓу Битола-Лерин, која, како што рече од грчка страна е завршена, а од македонска исто така во голема мера почнатото е сработено.

Двете земји се во процес на чистење на нафтоводот Скопје-Солун, а се работи и на можноста за изградба на гасовод. Зајакната е соработката меѓу граничните служби, како и меѓу универзитетите.

Коѕијас најави дека се работи и на отворање на граничнит премин кај Преспа.

– Имаше некои легални проблеми, но се надевам дека ќе најдеме соодветно решение, кое ќе биде прифатливо и за Грција, и за Македонија и за Албанија, рече тој.

Ова би било добра можност да се развие туризмот и да се зајакнат економската и општествената соработка во регион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1