Коѕијас на Twitter: Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе


Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе, порача шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас преку неговиот Twitter профил, кусо по поднесената оставка, користејќи делови од песна на грчки композитор и поема на грчки поет.

„Доаѓа моментот да одлучиш со кои ќе одиш и кои ќе ги напуштиш“, вели поетот. Премиерот и низа министри на вчерашната владина седница го направија нивниот избор и јас мојот. Но, добро е да го запаметат стихот: длабоко да ме закопаат сакаа, заборавија дека сум семе“, пишува Коѕијас.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1