Мицкоски му одговори на Мичел- не го прифаќаме договорот од Преспа


Договорот од Преспа е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков тој е непифатлив за ВМРО-ДПМНЕ и огромното мнозинство граѓани на Македонија. Мицкоски во отворено писмо му одговори на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел. Мицкоски вели дека и покрај бруталното полнење на кутии на изборите, власта не обезбеди ниту приближно услови за референудмот да биде успешен, а истовремено, како што пишува опозицискиот лидер, граѓаните и администрацијата биле под силен притисок на власта во текот на целиот процес, а институциите не преземале ништо.

Опозицискиот лидер потенцира дека не верува дека Договорот ќе донесе мир и стабилност во Македонија бидејќи убедливо мнозинство од граѓаните го отфрли на референудмот. Според Мицкоски, Договор кој го менува уставот и уставното име, ги поништува сите стекнати права на Македонија, ја присилува државата да се откаже од грижата за дијаспората и овозможува ревидирање на историјата не може да биде фактор за стабилност во регионот.
Мицкоски го информира Мичел дека ппратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е едногласна и дека нема притисоци врз пратениците.

“Што се однесува до делувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени кои во моментот се во Собраниска процедура истото е плод на нашиот претходен став дека договорот не можеме да го прифатиме, кој беше едногласно прифатен вклучително и од пратеничката група, а притоа црпејќи го легитимитетот од референдумот кој се случи.

И можам да ве уверам дека доколку има некакви информации за закани, уцени или било какви обиди за влијание врз нивното одлучување и одлучувањето на било кој пратеник тогаш тоа е од кругови или поединци кои не се дел од структурите на мојата партија. Јас не прифаќам таков начин на делување и истиот го осудувам “ – пишува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го предупредува Мичел дека за целиот процес, избран е погрешниот човек.

„Во многу наврати ја предупредував јавноста и нашите меѓународни пријатели, истото го посочувам и денес, овој процес му е доверен на човек кој не е искрен во намерите и ветува нешта што не може да ги исполни, притоа знаменосецот на таа идеја е посипан со десетици афери, сомнежи за криминал и отсуство на секаква волја за расчистување со случаите на корупција и вистинско владеење на правото. Факторот време покажува дека впрочем најголемата опасност поради кој земјава влегува во криза е токму првиот човек на владата.“ – пишува Мицкоски во своето писмо во кое потенцира дека Македонија својата иднина ја гледа во ЕУ и НАТО но и верува во основните права на самопределување, завршувајќи го со оптимистичката поговорка „Секогаш е најтемно пред зората“

Денешниот став на Мицкоски е одговор на писмото на америкнаскиот државен секретар во кое тој ја изрази разочараноста на официјален Вашингтон од позиционирањето на опозицијата околу промената на Уставот и како што вели, заканите кои доаѓаат до пратениците доколку се решат да го поддржат договорот за промена на името.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1