Крадец три дена седел на клима, не се предавал на полицијата за да не ја посрамоти мајка си (ВИДЕО)


Крадец од кинеската провинција Шенжен поминал повеќе од 60 часа седејќи на клима уред. Тој се обидел да украде кабли од еден хотел, но откако го виделе побегнал низ прозорецот.untitled-4

Бидејќи не сакал да го уапсат и да ја посрамоти своја мајка, тој одбивал да се помрдне од климата скоро три дена. Иако полицијата се обидувала да разговара и да го вразуми, крадецот бил премногу тврдоглав.

На улицата бил поставен душек во случај да помисли на самоубиство.

Деновите ги поминал без храна и вода, само пред крајот земал вода од еден новинар кој успеал да го симне од клима уредот, а потоа крадецот му признал дека се плашел оти ќе ја посрамоти својата 70-годишна мајка.

Тој и претходно бил приведуван поради кражби, но овој обид не му бил запишан како криминално дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1