Припадниците на една полициска станица во Девон, на југозападот од Англија, пријавиле кражба на кутија со бисквити.
Бисквитите исчезнале од кујната на полициската станица, а се сомневаат дека сторител е некој од полицајците. Кражбата била забележана кога одлучиле да направат попис на предметите во станицата.
Освен бисквити, на списокот исчезнати предмети се нашле и еден фустан и неколку ДВД дискови. Не е познато дали била покрената истрага, но од полициски извори се дознава дека досега не бил пронајден ниту еден од вкупно 28 исчезнати предмети.