Крај за чекање на келнери – сами може да си ставате пијачка, а да не мрднете од маса (Фото)


Преполно кафуле, чекате келнер со часови. Ќе дојде да нарачате, а потоа чекате уште еден час додека да се пробие до вас во гужвата. Бидејќи сте веќе дехидрирани од чекање го пиете пијалакот за 2 секунди и сакате нов – е за тоа богами ќе почекате – ова ни е познато на сите. Но дали е на повидок крај на оваа тортура и на Балканот?

tocilicaДвајца млади момчиња од Белград успеале да направат систем за точење кој е инсталиран на секоја маса. Што би значело не мора да мрднете од масата , а пијачка сам си ставате. Сега засега нивниот изум работи само со пиво. Еве за што станува збор.

Вакви механизми во западните земји има веќе некое време. Ги има во Лондон, Лас Вегас, Прага.. За да се направат сака да се знае програмирање – а да се купат од странство чинат многу. Овие млади момци успеале да направат свои програм и свои точилки за кои се надеваат дека ќе се најдат во секое кафуле на Балканот – новина е она што нивните точилки се предвидени да ги има на секоја маса, а не само по едно на шанкот. значи секој од својот стол да си точи колку му душа сака.

slajder1

300x380slika1

Зоран Миљановиќ и Марко Грујиќ за MKnews.MK ја открија тајната на својот план. Нивната нова компанија Control Co, е во Србија веќе имаат готов и функционален производ. Точи и наплаќа пиво без грешка. Веќе и ја тестирале а реакциите на оние кои имаа шанса да ја пробаат се одлични.

– Она што е различно од ваквите направи во големите градови е што тие некогаш чинат и колку еден нов автомобил, па можат да си ги дозволат само големите кафулиња. Нашата машина во најголем дел ја произведуваме сами, сами ги правиме повеќето делови за неа и тоа овде во Србија. Знаеме каков е стандардот на нашиот народ и на останатите на Балканот, па поради фактот дека сами правиме се, можеме да бидеме и поевтини. Но сепак да споменеме, сета електроника која ја користиме е најсофистицирана на пазарот, пример деловите за мерење кој ги има инсталирано на нашата ,,точилка,, ги користи и институтот CERN,, вели Зоран и додава.

Нашите народи – балканските народи знаат да се забавуваат, да наздрават со пиво, да уживаат. Сакавме да направиме нешто што Западна Европа го има и е прифатено – зошто да го немаме и ние на Балканот?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1