Еден од најозлогласените криминални организатори на Русија, мафијашкиот бос Аслан Усојан познат и како Дедо Хасан бил убиен денеска во моментот кога го напушатл ресторанот.
Неговиот телохранител во тој момент се обидел да го заштити со телото, но снајперистот за кој е утврдено дека бил убиецот, успеал во својата задача.
Во тој момент настрадала и една жена, со прострелна рана во ногата.
Таа веднаш била префрлена во болница каде што и било санирана раната.
Руската полиција утврдила дека таа била само случаен минувач и дека нема никаква поврзаност со убиството на Усојан.
Дедо Хасан веќе прежувеа еден атентат во 2010 година, откако во центарот на Москва бил погоден во стомакот. За него се знае дека бил близок до рускиот мафијаш Вјачеслев „Јапончик“ Иванков кој пак бил убиен во 2009 година.
Усојан е роден во Тбилиси во 1937 година, а потекнувал од Курд. Руските медиуми пишуваат дека ги контролирал поголемиот дел од бандите во Русија и соседните земји.