Кралската двојка реши: На ќерката ќе и го дадат името Дајана


Војвотката од Кембриџ е во деветтата недела од бременоста и повторно, како и со принцот Џорџ, има проблеми со мачнините, но одбила да остане во болница и е решена бременоста да ја одржува дома.kejt

Кејт и Вилијам своето второ дете, ако биде девојче, ќе го крстат според принцезата Дајана, мајката на Вилијам.

Извор близок до двојката открил дека кралската двојка го избрала тоа име уште кога Кејт била бремена со првото дете. Принцот на тој начин сака да и оддаде почит на својата покојна мајка. Дајана загина во сообраќајна несреќа во 1997 година.

Вилијам и Кејт го имаат Џорз. Кејт второто дете би требало да го роди на почетокот од јануари. Војвотката од Кембриџ и во втората бременост има силни мачнини заради кои мора да мирува.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1