Креаторот на The Simpsons пред смртта ги подарува своите милиони


Сем Сајмон е еден од творците на познатата анимирана серија The Simpsons. Во 2012 година откри дека боледува од неизлечлив рак на дебелото црево, а пред да почине дел од парите сака да ги подари.

 

Во интервју за NBC тој својата болест ја нарече најневеројатното искуство во животот. Има намера да донира 100 милиони долари во борбата за права на животните.sem

„Ракот е грозна болест, тоа е се она што отсекогаш ви зборувале дека е. Истовремено претставува патување и борба. Но, ако сакате публицитет и начини за запознавање со девојки, ракот е најдобрата работа на светот“, се шегува 59-годишниот Сајмон.

Последните месеци од животот ќе ги мине помагајќи им на другите. Парите ги донира во добротворни цели за помагање на бездомници и животни.

Сем Сајмон и Мет Гронин во 1991 година ја создадоа најпознатата анимирана серија The Simpsons.

„Опкружен сум со луѓе кои ме сакаат, се грижат за мене и се подготвени да ми помогнат. За мене тоа е најголемата среќа во животот“, вели Сајмон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1