Крема за лице со „ѕвезден прав“ дирекно од вселената


Најновиот производ од козметичкиот бренд III Skin го носи називот Celestial Black Diamond Cream што се преведува како „Небесен дијамантски крем“ токму поради тоа што содржи прав од црн дијамант директно од космосот.

celestial-black-diamond-cream-1-599x325Во составот на кремата влегува хијалуронска киселина, амино – киселината аспарагин и екстракт од азиската билка позната како тигрова трева.

Традиционалните состојки за регенерација на кремата не би ги воодушевиле поклониците на младешкиот изглед, но кога станува збор за „ѕвезден прав“ како состојка за нега и подмладување на кожата интересот е сосема поинаков.

Експертите од NASA сметаат дека честичките од црните дијаманти кои се формираат во вселената се способни да продрат во подлабоките слоеви на кожата и да ѝ ги вратат младешкото здравје и изглед.

Појавата на овој новитет уште еднаш потврдува дека дијамантите ѝ се најверните пријатели на жената. На светскиот пазар цената на кремата во амбалажа од 50 мл изнесува околу 900 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1