Целм Крим во темнина – Украина им ја скина струјата (Видео)


Црноморскиот полуостров Крим вчера во поголемиот дел остана во темница, поради целосното прекинување на електрична енергија од Украина и по предизвикување експлозија на високинапонските линии, што ги принуди властите да прогласат вонредна состојба.

Крим е камен на сопнување меѓу Киев и Москва, откако беше соборен украинскиот претседател Виктор Јанукович а во март 2014 година црноморскиот полуостров, на кој е доминантно руското и рускојазичното население изгласа преку референдум враќање на автономијата укината од украинските власти во 1990-те и присоединување кон Руската Федерација. Западот ова го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија, а исто така ја обвинува Русија за нејзината наводна улога во конфликтот во рускојазичниот исток на Украина.Screenshot_202

Од 11 часот утрото во недела повеќе до 1,64 милиони жители на Крим се без електрична енергија, соопшти руското министерство за енергија и најави воведување вонредна состојба на полуостровот. За повеќе од 85 медицинску установи на Крим обезбедени се 190 дизел генератори кои осигуруваат овие установи непречено да функционираат.

Доводот на електрична енергија од Украина е прекина ноќта меѓу саботата и неделата околу половина час по полноќ по локално време, наведе локалното министерство за итни ситуации во соопштението, непрецизирајќи ги причините за целосното прекинување.

Премиерот на Крин, Сергеј Аксјонов, изјави оти се сомнева дека Украина го предизвикала овој проблем. Украина потврди дека на високонапонските линии се случила експлозија, дека не знае кој е одговорен за нив и дека поради тоа е отворена истрага, соопшти портпаролката на украинското министерство за внатрешни работи Наталија Стативко.

Украинската државна компанија за дистрибуција на електрична енергија „Укренерго“ објави на својата интернет страница фотографија од еден урнат столб и еден оштетен во северниот дел од Крин, и прецизираше дека изгледа дека се уништени со артилериски оган или со експлозивни направи. Во петокот утрото уништени се два електрични столба, изјави заменикот директор на компанијата Јуриј Касич, и прецизираше дека се најдени остатоци од гранати.

Снабдувањето со електрична енергија на Крим целосно зависи од четирите украински високонапонски линии. Сите четири се во прекин. Касич изјави делка се обиделе да го отстранат дефектот, како и дека техничките мерки неопходни за поправката се многу опасни.

Крим во снабдувањето со вода и особено електрична енергија зависи од Украина. Киев и претходно во повеќе наврати го прекинуваше доводот на електрична енергија за полуостровот за да изврши притисок врз тамошните руски власти и врз Москва.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1