Криминалец го вратил украдениот плен, откако видел дека краде од својот цимер од затвор


Насилник кој откако ограбил случаен минувач, бил принуден да му ги врати мобилниот телефон и паричникот, затоа што не забележал дека станува збор за негов поранешен колега, со кого заедно поминале одреден период во затвор.

Овој по малку комичен настан, достоен за уренебесните холивудски комедии, бил забележан во американската држава Канзас.
Вооружениот робијаш на улица го пречекал случајниот минувач и побарал да му ги предаде телефонот и паричникот, додека неговиот соучесник му ги претресувал џеповите“, изјавил претставникот на полицијата Џо Шредер.

„Тогаш забележал дека со жртвата минал одреден период во затвор. Му се извинил, се ракувал со него и си заминал“, изјавил Шредер.

Иако жртвата го пријавил случајот во полиција, ограбениот маж изјавил дека не би можел да го идентификува, доколку би морал да го препознава во станица“, додал Шредер.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1