47 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Египет


Во судар на воз со автобус во долината на Нил, јужно од Каиро, загинаа 49 лица, од кои 47 деца, како и возачот на автобусот и еден воспитувач.


Во автобусот патувале околу 60 деца на возраст од четири до шест години од градинка, кои оделе на организирана екскурзија. Според медицински извори во болници се испратени меѓу седум и 11 повредени, јавува Миа.
Десетици лекари се борат за животот на преживеаните. Египетската армија е подготвена да испрати авион кој ќе ги пренесе најтешко повредените во градски болници.

Според некои информации, возачот на автобусот ги игнорирал предупредувачките сигнали дека железничкиот премин е затворен, навлегол во него и по една секунда локомотива на композицијата го удрила возилото. Друга верзија тврди дека станува збор за нерегулиран премин и египетскиот возач не го забележал возот кој доаѓал.
Локалните жители велат дека повеќе пати ги повикувале властите да го опремат преминот со соодветна сигнализација.
На местото на трагедијата се собраа десетици луѓе, загрижени за судбината на своите деца. Тие бараат да се утврдат виновниците и да бидат егзекутирани.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1