Тетоважи кои ниеден маж несмее да си ги дозволи на своето тело


Тетоважите се бренд на самоизразување, и повеќето од нив се интересни за гледање. Но, има тетоважи кои треба да ги избегнувате.

 

Сите сме за добро нацртани тетоважи кои имаат некое навистина интересно значење, но глупави тетоважи, а згора на тоа лошо нацртани, едноставно не само што даваат лош изглед, туку ниту една девојка нема да сака да биде со маж кој е лошо истетовиран.

Тетоважи на долниот дел од грбот

БЕТМЕН ТЕТОВАЖА

Тетоважите на долниот дел на грбот се популарни помеѓу девојките. Ваква тетоважа не смее да се наоѓа кај мажите.

Тетоважи околу папокот ПАПОК ТЕТОВАЖА Сите тетоважи кои се околу папокот и кои треба да изгледаат смешно и интересно, не само што се глупави, туку и одвратни и одбивни. Ниту една девојка не сака маж или момче со тетоважа на папокот каде што папокот претставува анален отвор на некое животно.

Затоа два пати размислете пред да се одлучите да бидете “смешeн”.

ТЕТОВАЖА НА ЛИЦЕ

Тетоважа на лицето! Оваа тетоважа е оправдана само ако се случила во текот на некоја многу, многу пијана ноќ. Глупава тетоважа и одвратно изгледа.

ПОРТРЕТ ТЕТОВАЖА

Реалистичен портрет. Сигурно оној кој што е на портретот ќе ви биде многу благодарен за овој чин, но ретко кој тату артист може да нацрта на кожата на телото ист или навистина сличен лик како портретот кој служел за пример.

Доколку пак сакате портрет тетоважа, тогаш не штедете на пари и изберете квалитетен тату мајстор.

КИНЕСКИ БУКВИ

Голем број тату артисти воопшто не знаат што значат зборовите, па доколку на интернет сте прочитале дека е војник или силен човек, големи се шансите да значи пекар или водоводџија.

Името на девојката

ИМЕ НА ДЕВОЈКА

Тетоважите се за цел живот. Врските од друга страна, некогаш може да траат долго време, но многу од нив се повремени. Затоа, не треба да избрзувате и да го ставите името на девојката, која подоцна можеби ќе ве изневери, па повторно ќе треба да давате пари само за да го покриете името

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1