Криумчареле мигранти од Грција во Италија со авион, уапсени девет лица


Девет лица од Грција и Ирак се уапсени под сомнение дека со мал авион превезувале бегалци од западна Грција во Италија, соопштија во четврток грчките власти.

AVION KOLA
Апсењата биле извршени во среда, во моментот кога бил договаран превоз на бегалци од градот Мисолонгија. Меѓу уапсените е и пилотот, како и поранешен градски функционер, јавува АП.

Полицијата тврди дека криумчарите го користеле авионот за транспорт на дрога во западна Европа, но неодамна се преориентирале на бегалци.

На мигрантите им наплатувале од 4.500 до 7.500 евра за превоз во Италија, соопшти полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1