Граѓаните против изградба на нови станбени згради во Аеродром


Наместо расправа за предложениот урбанистички план за скопската населба Острово, жестока караница помеѓу револтирани граѓани и службениците од Општина Аеродром на денешната јавна презентација на урбанистичката документација.aerodrom nova ulica

Како што јавува „Плусинфо“, преку 50 граѓани во просториите на месната заедница Острово негодуваа поради изградбата на нови згради во нивното маало. Општинските власти од Аеродром стојат на ставот дека само три нови објекти се вцртани во предложениот ДУП, додека останатите маркички биле предвидени и во претходните урбанистички планови, но не биле изградени до денешен ден. Новопредвидените објекти вклучуваат изградба на станбени згради и образовен објект.

* Нов станбен објект со висина од 30 метри е планиран на зеленилото кај „Мајчин дом“

Општинските службенички одговорија дека земјиштето на кое ќе се градат станбени згради се наоѓа во приватна сопственост.  предложениот ДУП за населбата Острово ќе биде изложен во месната заедница до 27 март, а граѓаните ќе можат да поднесат анкетен лист со свои коментари и идеи во врска со урбанистичката документација.

Гневните граѓани најавија протести против предложените измени

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1