Синот на Силвио Берлускони е осуден на 14 месеци затвор


Апелационнио суд во Милано денеска донесе пресуда против синот на поранешниот премиер на Италија Пјер Берлускони, кој е обвинет за извршени финансиски махинации, забранети со закон. Тој ќе мора да ја оди во затвор 14 месеци, објави “Ла Република”.20160317.dfmxrptree1-520x400

Истата казна ја доби и соработникот Пиер- Фиделе Конфалониери, а другите шест обвинети во истиот случај се ослободени. Судот прифати за докажан факт дека двајцата осудени извршиле измама при купување на права за емитување на филмови и друга телевизиска продукција за компанијата Mediatrade.

Пресудата не значи дека синот на Берлускони ќе оди веднаш во затвор. Според законите во Италија, осудените на кратки рокови имаат право на одмор пред издржувањето на казната.

Пјер Силвио Берлускони е најстариот син на италијанскиот политичар и милијардер. Според проценката на “Форбс”, богатството на неговото семејство изнесува 6,2 милијарди долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1