Кривична пријава ќе биде поднесена против сенвичарата Жу-Жу Бургер бидејќи ја тргнале лентата од Агенцијата за храна на која стои дека се затворени поради неисправност на храната.
Покрај оваа пријава, за Жу-Жу ќе има и прекршочни пријави поради пуштање во промет на штетни прехрамбени продукти. Пријава ќе има и за драчевската сендвичара „Стефани А“ поради неисправност на храната.
Во изминатата недела скоро 70 граѓани побарале лекарска помош поради труењесо храна од сендвичарата во Драчево и од двете сендвичари на ЖуЖу Бургер во скопски Центар и Карпош.
Лидер.мк