Круша под круша – Ќерката на Бил и Хилари Клинтон влегува во политика


„Пред кампањата на мајка ми, мојот одговор беше не, денес не сум сигурна“, изјави 32 годишната Челси во интервју за магазинот „Вог“.

Ќерката на поранешниот претседател Бил Клинтон и државната секретарка Хилари Клинтон, живее во Њујорк со својот сопруг, вели целиот живот луѓето ја прашуваат дали некогаш ќе заплива во политичките води. „Во текот на кампањата на татко ми за гувернер во 1984 година, ме прашаа дали сакам да бидам гувернер кога ќе пораснам? Не, имав само четири години“, вели Челси Клинтон која во моментов подготвува докторат за меѓународни односи, а од минатиот декември работи како новинар за телевизиајта En-Bi-Si.

Работи и во татковата фондација и предава на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Вели нејзината перцепција за политиката ја променила токму кариерата на мајка и. „ Сега веќе не сум сигурна. Верувам дека политичкото ангажирање бара личност од интегритет – објаснува таа, додавајќи дека доколку во некој момент посака да се занимава со политика прво мора да си го постави прашањето, дали е нејзината цел да изгради поздрав, поправеден и побогат свет.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1