Член на Еулекс е убиен во Звечан, Косово, а двајца се ранети, јавува агенцијата Бета. Идентитетот на напаѓачите се уште не е познат.
Убиен е А.С. од литванската контингент на Еулекс, а биле повредени и двајца други полицајци, на кои им се пружа лекарска помош во болницата на Косовска Митровица. Според неофицијални информации, во возилото имало цариници и преведувач.
Убиениот полицаец бил погодена од истрели во главата и стомакот.
Портпаролката на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ, изјавила за Танјуг дека инцидентот се случил утрово во северно Косово во Звечан, но не соопштила никакви детали.
Полицијата на Еулекс ја затворила областа каде се случил инцидентот. На терен има припадници на КФОР и специјалната единица на Еулекс, а засега се пронајдени само чаури од истрели, но не и напаѓачите.