Крвав Велигден: Детали за трагедијата во кога загина 7-годишно дете (Видео)


Обичајот на пукање со карабит за велигденските празници во Загорје, кои обично се обележани со велеба, овој пат ја покажаа својата друга страна и се докажа дека не е безбедно кога децата се забавуваат со така опасна игра. Имено во саботата околу 13.30 часот во Сведружа во Загорје токму во таква „игра“ смртно настрада седумгодишно дете од Штупарја кој во текот на викендот бил кај својата тетка, пишува порталот Загорје Интернешнал. Трагедиајта се случила во неколку моменти на невнимание на детето, кога неговата тетка воедно и кума Дијана П. го пуштила детето надвор да си игра со другите деца.karabit pukanje

-Цело утро беше со мене, заедно печевме колачи. Излезе накратко надвор и веќе по 10 минути дотрчаа да ми јават дека се случило нешто страшно, го погодило буре. Не можам да ви опишам како се чувствувам. Знам дека не е нормално децата сами да пукаат, но тој беше со мене цело утроо, излезе само на неколку минути и сега повеќе го нема, раскажува расплаканата тетка.

Порталот дознава дека пукале три деца, две момчиња и едно девојче, од кој најстариот имал 15 година, а карабитот им останал од Велигден минатата година. Возрасни немало во близина.

Како дошло до трагедијта раскажало едно од момчињата кои пукале:

-Ископавме дупка и во неа ставивме лименка од грав и во неа ставивме една рака и пол карабит и малку вода. Тоа го поклопивме со жолта пластична канта, која на врвот имаше дупче, низ кое тоа требаше да се пали, за експлозијата да ја крене кантата во воздух. По неколку минути, колку што е потребно кантата да се наполно со гас, ставивме на тоа дупче лист хартија и врз него рака земја за да држи. Ја запаливме хартијата и кога пламенот ќе дојдеше до дупчето, тоа ќе пукнеше. Неколку пати тоа ни успеа, но кога тој дојде не пукна. Мислевме дека неа, а тој притрча да види што се случува. Во моментот кога се доближи до кантата дојде до детонација и кантата го погоди во глава, раскажа детето.

Тетката рече дека брзата помош веднаш дошла и 10 минути се обидувала да го оживее насраданото дете, но веќе било евидентно дека му немало спас, и веројатно тоа смртно настрадало уште при детонацијата при која кантата го удрила во глава.

Настраданото седумгодишно дете е инаку најстар од тројцата браќа и на есен требаше да тргне на училиште.

Еве како изгледа пукање со карабит, обичај во некои делови од Хрватска:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1