Крвава конвенција на СДСМ – партиските симпатизери се боделе со ножеви


Директорот на ЈП Комуналец од Охрид и функционер на СДСМ Сашо АЛчев бил нападнат на денешната конвенција на СДСМ во Куманово од свои сопартијци

g_nozСо убодна рана во рамото, Сашо Алчев, директор на охрдски ЈП Комуналец ја завршил партиската конвеција на СДСМ која денеска се одржа во Куманово. Како што информира МВР, Алчев во полиција пријавил дека околу 13:30 часот во спортската сала во Куманово каде што СДСМ денеска го организираше својот настан бил нападнат и прободен со нож во пределот на рамото.

Според неофицијални информации, Алечв бил нападнат од лица кои порано биле обезбедувачи на високи функционери во СДСМ. Неофицијално, причина за сериозниот инцидент биле финансиски недоразбирања. Алчев со убодна рана бил префрлен во болница каде што му е укажана помош. Во полиција ги посочил напаѓачите. Екипи на МВР работат на расчистување на случајот. Инаку Сашо Алчев е висок функционер на СДСМ во Охрид и од градоначалник Петрески е назначен за директор на Јавното комунално претпијатие.

Прес 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1