Крвава Нова година: Се втурнал во толпата и избодел 7 лица на плоштадот во Белград – 3 се критично


7 лица се избодени од кои 3 критично за време на дочекот на новата година на плоштадот во Белград. Според полицијата едно лице од засега непознати причини се втурнал во толпата и избодел 7 лица.

nozИнцидентот се случил на улицата Француска во близина на ,,Народно позориште,, на местото е екипа на брзата помош која побарала и дополнителни возила поради големиот број повредени.

Две лица имаат убодни рани во стомакот, едно во грбот и тие се во критична состојба сместени на реанимација. Во пределот на бутот се избодени две лица и тие се на ортопедија.

Брзата помош имала големи проблеми да се пробие низ толпата која на плоштадот ги одбројувала последните минути од старата година. Полицијата има опис на напаѓачот и се трага по него. Според првичните информации се работи за личност со психички проблеми.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1