Крвава престрелка во тетовско поради девојка – петмина повредени, еден прободен во градите


Петмина се повредени во оружена престрелка и тепачка што се случила ноќеска околу полноќ во населбата Дреновец, Tетовско. Според полицијата во тепачката учествувале: Е.О. (22), С.О. (22) и Р.О. (53) од селото Доброште од една страна и Л.И. (24) и К.В. (21) од Тетово од друга страна. Според првичните информации до престрелката дошло поради девојка

tetovo bolnica

Во пресметката освен огнено оружје било користено и ладно оружје и при тоа Е.О. се здобил со прострелна рана во пределот на десната натколеница, С.О. со прострелна рана во пределот на левата натколеница и Р.О. со убодна рана во пределот на средишниот дел од рбетот, додека Л.И. се здобил со убодна рана во пределот на вратот, а К.В. со огреботина на долните екстремитети.

Трите лица од Доброште се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничкта болница во Тетово, а Л.И. со здобиени тешки телесни повреди и К.В. со телесни повреди биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1