Крвава столица, гасови, замор – кои се симптоми за Рак на дебелото црево и како се лечи!


Ракот на дебелото црево, односно колонот, е една од најчестите појави. Речиси секој петнаесети човек развива ваков вид на канцер.

Како и да е, доколку се дијагностицира во раната фаза, тогаш ова заболување може да се излечи во целост. Овој текст ќе ви помогне да разберете на кратко што значи ракот на дебелото црево и кои се можните третмани за негово лекување.

Ракот на дебелото црево најчесто е генетска појава, па се препорачува доколку некој во фамилијата боледувал од оваа болест, останатите членови често да прават контроли. Некои генетски абнормалности го зголемуваат ризикот за појава на рак на дебелото црево, како и појава на рак на простата кај мажите.

Долготрајно воспаление на дебелото црево кое е наречено колитис исто така може да го зголеми ризикот од појава на рак на дебелото црево. 

Многу истражувања докажаа дека кај луѓе кои конзумираат почесто растителни влакна и внесуваат помалку маснотии , можноста за развој на ваков вид на рак е намалена за разлика од оние луѓе кои често внесуваат масна и брза храна. Но исто така во поново време се добија резултати од многубројни истражувања кои докажаа дека секојдневната употренба на ацетил салицилна кислена во голема мера го штити дебелото црево од појава на рак.

 Симптоми

Најчести симптоми на ова заболување се:

Чувство на непотполна испразнетост

Присуство на крв во столицата

Потенок измет од вообичанео

Зачестена појава на гасови и надуеност

Губење на телесна тежина без видливи причини

Чувство на замор, гадење и повраќање

Често овие симптоми не се поврзани со појавата на рак на дебелото црево, но доколку се појават повеќе од три од овие симптоми, веднаш треба да се посети доктор со цел да се прегледа пациентот и да се интервенира што побрзо доколку е тоа потребно.

Крвните садови кај заболени од рак најчесто се покршливи и имаат тенденција да крварат полесно отколку оние здравите крвни садови, па затоа доколку постои рак на дебелото црево, тој ќе предизвика крварење во самото црево. Тогаш оваа крв се појавува во изметот.

Во зависност од тоа колку е оддалечен ракот од ректумот, крвта која се јавува во изметот може да биде светло црвена или пак да ја обои целосно столицата давајќи и темна боја.

Појавата на крв во столицата, не значи секогаш присуство на рак во дебелото црево. Постојат други здравствени состојби кои може да доведат до оваа појава како што е чир , хемароиди, воспаленија, исто така и промена во конзистенцијата на столицата, како што е појава на запек или дијареа, може да биде предизвикана од многу други причини.

Повеќе за симптомите како и начинот на лекување прочитајте на – БАБИНЛЕК.КОМ

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1