Крвавата симболика на Ким: Сите кои го носеле ковчегот на таткото му се погубени или исчезнати


Пет од седум официјални лица кои му оддале последна почит на големиот лидер на Северна Кореја, Ким Јонг Ил, таткото на денешниот лидер Ким Јонг Ун, се „отстранети“. Двајца биле брутално погубени, еден се смета за мртов, додека останатите двајца се протерани.

Ова е ковчегот со телото на Ким Јонг Ил, околу кој седат: Ким Јонг Ун, Јанг Сонг Тек, Ким Ки Нам, Чо Тае Бок, Ри Јонг Хо, Ким Јонг Чун, Ким Јонг Гак и У Донг Чук.severna-koreja

Јанг Сонг Тек, Ким Ки Нам, Чо Тае Бок, Ри Јонг Хо, Ким Јонг Чун, Ким Јонг Гак и У Донг Чук, припадници на самиот државен врв и политичка елита за време на Ким Јонг Ил, се наоѓале на почесни места за време на погребот на големиот лидер во 2011 година.

Денес, од нив седмина, само Ким Ки Нам и Чо Тае Бок ги задржале своите позиции во власта: првиот како министер за пропаганда, а вториот како претседател на Народниот совет. Според останатите, Ким Јонг Ун не бил благ.

Јанг Сонг Тек, инаку вујко на Ким, бил погубен од стрелачки одред, Ри Јонг Хо се смета за мртов, додека Јонг Чун и Јонг Гак се протерани, а Донг Чук се води како исчезнат.

Ким Јонг Ун, во обид да се намали секаков вид на спротиставување, се одлучил за најрадикалните мерки. Тоа го покажа и со најскорото погубување на министерот за одбрана Хјого Јол Кол, кој наводно „зборувал против лидерот“ и заспал за време на презентацијата на Ким. Тоа лидерот на Северна Кореја го сфатил како знак на непочитување, па Јол Кол ја платил најскапата цена – бил погубен на брутален начин, со ракетен фрлач.

Меѓу останатите непријатели на Ким кои не се на оваа листа, а кои младиот лидер ги погубил, се наоѓаат и неговата тетка Ким Кјонг Хуи, која наводно била отруена, високиот воен претставник о Санг Хон кој бил погубен со фрлач на пламени, и генералот Ким Чол, кој бил разнесен со бомба во 2012 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1