Сонувам како терористи ми ја напаѓаат куќата


Ивона Јовановиќ од Куманово, натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“, раскажува за непријатното искуство што го доживеала кога терористите ноќта помеѓу петокот и саботата го нападнаа нејзиниот град.

Ивона за српски „Курир“ раскажала како го доживеала грозоморниот настан кој се случи на само еден километар воздушна линија од нејзината куќа.Ivona-Jovanovic-Kumanovo-620x350

– Мајка ми ме разбуди и ми рече дека е нападнат градот. Во прв момент ситуацијата не ја сфатив сериозно. Дури планирав со другарките да одам во центар на кафе и да изберам гардероба за следното снимање. Тогаш го вклучив телевизорот и ги слушнав вестите. Ме обзеде страв кога ги видов грозоморните фотографии. Ситуацијата од час во час стануваше се понапната. Сето тоа ми беше страшно. Иако во живо не го видов нападот бидејќи се случи на другиот дел од градот, многу се исплашив. Приживеав траума, и понатаму сонувам дека терористите ми упаѓаат во куќата – рекла Ивона и додала:

„Татко ми рече да не излегуваме од куќата и ние го послушавме. Имено, тој ги слушнал рафалите, но помислил дека во прашање е свадба, бидејќи на албанските свадби многу се пука. Емотивна сум и сега можам да заплачам кога ќе се сетам на се. Мојот брат сето ова најтешко го поднесе, има трауми и не смее да излезе на улица“.

Талентирата натпреварувачка додала и дека помислувала да замине од Куманово.

– Се исплашив за својот живот. Помислував да им кажам на родителите да ме засолнат во Белград, но сепак тоа не го направив. Исто така, се исплашив дека ќе мора да го напуштам натпреварувањето бидејќи ќе бидат затворени границите. Среќна сум што се смири ситуацијата. Мојот настап во понатамошното натпреварувања ќе им го посветам на луѓето кои настрадаа и го дадоа животот за ние да бидеме на безбедно – заклучила таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1