Крвнички го убиле, а лажеле дека е предозиран- решена мистеријата за смртта на младиот Петар


Сузан Сутовиќ, мајката на Петар Сутовиќ кој во 2004 година почина во Белград, 12 години по смртта на нејзиниот син, успеа да докаже дека бил убиен, а не дека се предозирал како што тврдеше српската полиција.ubien-petar

Адвокатката од Лондон во 2004 дозна дека нејзиниот син починал во стан во Белград. Српската полиција соопшти дека младото момче починало од предозираност, но лондонската истрага покажа сомнителни околности во овој настан. Минатата недела мајката конечно успеала да докаже дека нејзиниот син бил убиен во Белград, пренесе Би-Би-Си.

Сузан раскажала дека сама собирала докази за форензичарите, се обидувала да ги исклучи емоциите за да ја докаже вистината, но многу и било лошо да гледа смрт и крв.

Нејзиното семејство се пожали и на доцнењето на администрацијата во Србија и Велика Британија. Британското министерство за надворешни работи пак се изјасни дека обезбедило помош и поддршка на мајката и блиските. Полицијата не била должна повторно да ја отвори истрагата, но мајката направила се што е во нејзина моќ.

И покрај се, мајката на победата повторно да се отвори истрагата гледа со горчина: – Жал ми е за се, беше многу тешко, вели таа.

Истрагата покажува дека Петар бил тепан, скршено му било лицето, имал крвава облека и лежел избоден на кревет, пренесе српскиот Блиц.

Собата потоа била наместена да изгледа како да починал од предозираност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1