Околу 21 часот во Крива Паланка на улицата „Единство“, по претходна расправија, шеснаесетгодишник со клешта ја удрил 18-годишната С.А. од Крива Паланка, при што и нанел телесни повреди во пределот на главата.
Според податоците на полицијата, настанал таков хаос што момчето се разбеснило и со нож му нанело два убода во пределот на левиот колк на 25-годишниот А.А. исто така од Крива Паланка. На повредените им била укажана лекарска помош воБолницата-Крива Паланка, по што се пуштени на домашно лекување.
Во 23 часот и 50 минути насилникот е приведен во полиција.