Поранешниот сопруг на пејачката Гоца Тржан, Иван Маринковиќ, синоќа околу 19 часот бил брутално претепан сред раскрсница, недалеку од неговиот стан, пишува српски Курир.
Додека уплаќал ливче во обложувалница, еден маж влегол внатре и насилно го извадил надвор.
Во тој момент група момци истрчале од бел автомобил и го тепале со тупаници по глава, а потоа го совладале на зeмја и го шутирале со нозе.
-Главната причина за нападот била поранешната девојка на Иван, со која бил во врска пред две и пол години. Тој во Ургентниот центар дал изјава дека бил претепан од една позната личност од машки пол, кој во последните денови му се заканувал, открил извор и додал дека Маринковиќ е пуштен на домашно лекување.
Кога завршиле со тепањето, напаѓачите побегнале, а Иван итно бил однесен во Ургентниот центар.
-Маринковиќ во клиниката беше донесен пред 20 часот и веднаш му беше направен скенер на глава и ултразвук на стомакот, а потоа и максилофацијална хируршка интервенција.
Резултатите се добри и лекарите констатираа лесни телесни повреди, но доколку не се придржува до упатствата, здравствената состојба може да му се влоши.
Лицето и телото му се покриени со модрици и добро е што нема внатрешно крвавење“, додал извор од Ургентниот центар.