Куќата не им е вратена – извршителот само дозволил да живеат во неа до лицитација!


Иако низ медиумите проструи веста дека куќата на екс кандидатот за градоначалник на Карбинци, на земјоделецот Ристе Бањоглав од Карбинициму ја вратиле извршителите, оваа информација не е точна тврдат од хуманитарната организација Св Спас. еве што велат во објавата на фејсбук

,,Минатата вечер го објавивме случајот на нашиот брат Ристе кој, заедно со своите две деца ( 3 години и 5 години) беше исфрлен од сопствениот дом. Многу брзо нѝ пристигна вест дека домот му е вратен на што сите се израдувавме. Но… Домот не му е вратен! Му дозволиле да се врати во СОПСТВЕНИОТ ДОМ до следната лицитација!!! Братот Ристе сеуште се соочува со загуба на неговиот дом,иако долгот го вратил и преплатил.
Да биде трагедијата поголема, сите овие проблеми не му ги прави туѓинец кој не го познава, туку напротив: човек кој ги познава многу добро. Човек кој, според информациите кои нѝ ги кажа Ристе, веќе има исфрлено на улица неколку други семејства.
Е тука веќе се поставува прашањето: каде се тука институциите кои би требало да го штитат обичниот граѓанин? Дали си ја работат работата за која НИЕ, обичните граѓани, ги плаќаме? Нели на извршителите ќе им се “скратеа” крилјата?
Да се солидаризираме со Ристе и неговите две ангелчиња и да не дозволиме да станат бездомници!!!,,

Јавноста се крена на нозе кога се дозна дека поради долг од 10.000 евра кој бил вратен не еднаш туку два пати, лихвари и извршители му ја одзеле куќата и фармата на поранешниот кандидат за градоначалник на Карбинци.

На Ристе му биле дадени можности да ја бара правдата на вишите судови во земјата и тој е уверен дека правдата и аргументите се на негова страна и ќе успее да си ја спаси куќата и фармата за која се мачел и печалел преку 20 години, ако се знае и дека од рани години е растен без татко кој починал многу рано.

Инаку, Ристе Бањоглав своевремено од државата беше награден како најдобар млад земјоделец. Во 2013 година, беше и непартиски кандидат за градоначалник на Карбинци, кога со околу 100 гласови разлика тогаш изгуби од Зоран Минов од ВМРО ДПМНЕ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1