Куче нападна жена на „Партизанска“


Вчера во 17 часот и 30 минути во Полициската станица Карпош 52- годишната Е.Ј од Скопје, пријавила дека истиот ден на булевар “Партизански Одреди“ била нападната и касната од куче сопственост на 38- годишниот З.Д од Скопје во пределот на десната надлактица.

Против З.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден нешто подоцна во 18 часот и 15 минути, во Полициската станица Аеродром24- годишната Т.С од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,00 часот на булевар “Видое Смилевски Бато“ била касната од куче сиктник во пределот на левата рака.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1