Два дена безуспешно трае потрагата по телото на шестгодишната Дрита Амети од тетовска Шипковица која по катаклизмата во селото се води за исчезната. Во потрагата по девојчето во урнатините и калта вклучена е армијата со специјално обучени кучиња, но досега нема никаков резултат.
Според информациите на СВР Тетово девојчето за време на огромните наноси од камења земја и дрвја кои во невремето завчера ја опустошија Шипковица се наоѓало во нејзиниот дом.
Оттаму велат дека можно е нејзиното тело да е затрупано под калта и урнатините токму во семејната куќа, но поради ужасната состојба на терен тешко се одвива истрагата.
Во невремето кое во понеделникот попладне го зафати тетовскиот регион животот го загубија еден старец и три деца. Оштетени се куќите, дворовите и автомобилите на стотици семејства, а најпогодена е Шипковица каде два дена нема ни вода.
Во временската непогода настрада и Мала Речица, но и Општината Теарце, каде освен поплавените куќи се урна и камениот мост во село Доброште. Во Тетово пак, реката Пена направи пустош во градот, каде дел од улиците се уште се чистат од смет и кал.
На вчерашната седница Влада одлучи да исплати првична помош од 500 евра за загрозените семејства.
Отворени се телефонски броеви и жиро-сметка за помош на поплавените жители на тетовско.
Сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат може да се јават на телефонските броеви: 070 143-400, 075 143-400 и 077 143-400 и да донираат.
Сметка на Фонд на солидарност : 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
Донации во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228