Кучиња трагачи ја бараат шестгодишната Дрита од Шипковица


Два дена безуспешно трае потрагата по телото на шестгодишната Дрита Амети од тетовска Шипковица која по катаклизмата во селото се води за исчезната. Во потрагата по девојчето во урнатините и калта вклучена е армијата со специјално обучени кучиња, но досега нема никаков резултат.

Според информациите на СВР Тетово девојчето за време на огромните наноси од камења земја и дрвја кои во невремето завчера ја опустошија Шипковица се наоѓало во нејзиниот дом.shipkovica_1

Оттаму велат дека можно е нејзиното тело да е затрупано под калта и урнатините токму во семејната куќа, но поради ужасната состојба на терен тешко се одвива истрагата.

Во невремето кое во понеделникот попладне го зафати тетовскиот регион животот го загубија еден старец и три деца. Оштетени се куќите, дворовите и автомобилите на стотици семејства, а најпогодена е Шипковица каде два дена нема ни вода.

Во временската непогода настрада и Мала Речица, но и Општината Теарце, каде освен поплавените куќи се урна и камениот мост во село Доброште. Во Тетово пак, реката Пена направи пустош во градот, каде дел од улиците се уште се чистат од смет и кал.

На вчерашната седница Влада одлучи да исплати првична помош од 500 евра за загрозените семејства.

Отворени се телефонски броеви и жиро-сметка за помош на поплавените жители на тетовско.

Сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат може да се јават на телефонските броеви: 070 143-400, 075 143-400 и 077 143-400 и да донираат.

Сметка на Фонд на солидарност : 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Донации во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1