Куќа на Сицилија за едно евро


Општинскиот совет на малото италијанско градче Ганги во централна Сицилија објави дека продава 20 куќи за цена од по едно евро секоја, колку што чини и едно кафе во локалното кафуле.

Ваквото решение е донесено во обид да се помогне ревитализацијата на местото, кое со децении на ред го губи своето население.

Станува збор за стари куќи, меѓу кои има и такви со историска значење, но сите се одамна напуштени и запуштени затоа што нивните поранешни сопственици ниту имале пари, а ниту волја за да ги обноват.

120379727Локалните власти единствено бараат од потенцијалните купувачи да уплатат по пет илјади евра на сметка на Советот на општината, како гаранција дека куќата и имотот околу неа, купени за само едно евро ќе биде обновени и нема одново да останат празни.

Општинскиот совет вели дека парите од гаранцијата ќе бидат вратени штом купената куќа биде обновена и дотерана повторно да служи за живеење. Рокот што купувачите го имаат за оваа обнова е пет години.

Ганги потекнува уште во 12-от век, кога околу еден голем замок и пространиот имот почнал да никнува град. Во местото, што се наоѓа еден час возење со автомобил од јужното сицилијанско одморалиште Кефалу, сега живеат само седум илјади луѓе.

Проценките на градежни експерти говорат дека обновата на секоја од куќите не може да чини повеќе од 35 илјади евра. На тоа треба да се додадат и шест илјади евра за плаќање на данок и други трошоци за пренос на сопственоста, што значи дека куќа за живеење во питорескниот дел на Сицилија може да се има за најмногу 43 илјади евра.

Претставник на една агенција за недвижен имот, преку која се продаваат куќите, изјави дека засега има заинтересирани купувачи од Велика Британија, САД, Шведска и Русија.

Ганги се наоѓа во близина на селото Корлеоне, опишано во книгата и филмот „Кум“, но локалните власти велат дека потенцијалните купувачи не треба да стравуваат од Коза Ностра.

– Секако мафијата е присутна на Сицилија, но таа не се занимава со место какво што е Ганги, изјави градоначалникот Џузепе Фаралело.

Тој објаснува дека идејата за продажбата за по едно евро ја добиле откако виделе на И-бај дека цело село во италијанските Алпи се продава за 245 илјади евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1