Куќа на стравот во среде Центар во Скопје (ФОТО)


Ис­кр­ше­ни се и прозорците и влезната врата, која стои ширум отворена. Објектот на булевар Кли­мент Охридски, веднаш спроти книжарницата „Матица”, се распаѓаа во него влегува кој сака.

Скоп­ја­ни велат дека со страв поминуваат покрај разурнатиот објект, кој им на­ли­ку­ва на куќа на стравот, пишува Вест.

kukja centar horor„Доц­на навечер нема шанси да поминеш покрај оваа куќа, а однатре да не слуш­неш викотници. Полна е со луѓе што тука доаѓаат да преспиваат, а многу чес­то пуштаат музика и се забавуваат. Фрлаат шишиња дури до булеварот, а на­ут­ро го оставаат целото ѓубре”, коментираат минувачите.

Од Општина Центар најавија дека ќе ја проверат состојбата со објектот и ќе од­лу­чат какви мерки ќе преземат потоа.

Ова не е прва куќа која скопјани ја крстија куќа на стравот. До пред една го­ди­на најпознат ваков објект беше зелениот замок во населбата Црниче. За не­го луѓето раскажуваа разни приказни поврзани со духови и фамилијарни тра­ге­дии.
Во овој замок, познат доктор по кинезитерапија во Скопје, со камера сними си­лу­е­та на дух и јавно ја објави минатата година.

Ку­со потоа куќата ја срушија, и на нејзино место изградија зграда.

Откриена клетвата фрлена на хорор куќата во Црниче

Урната ,,куќата на духови,, во Скопје

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1