Озлогласената “куќа на стравот“ во Црниче наскоро ќе се урне, а на нејзино место ќе никне нов објект.
Сопственикот на куќата Крсто Велјановски за “Вест“ изјавил дека во куќата немало никакви духови и дека тоа биле само шпекулации.
“Тоа се големи невистини. Слушнав дека фаќале духови и многу шпекулации поврзани со тоа, но јас тврдам дека во неа нема ништо. Планирам за кусо време да ја урнам бидејќи на нејзино место ќе се гради нов објект“, рекол сопственикот на куќата за “Вест“.
Соседите секојдневно се жалеле во општината дека куќата е дувло на нарко зависници и бездомници, а од таму пак велат дека подолго време го бараат сопственикот, а неможат да стапат во контакт со него. Доколку тој сака да ја зачува како културно наследство, општината ќе му помогне, изјавил за Нетпрес Марјан Спасовски, портпарол на општина Кисела Вода.
Според легендата “куќата на стравот“ е изградена во 1921 година, а во неа живеело семејство кое дошло од Црна Гора.
Семејството го сочинувале маж, сопруга, две ќерки и еден син кои биле многу богати. Откако семејството се преселило во Македонија почнале да им се случуваат несреќи, едното девојче на 15 – годишна возраст починало од пад од коњ во близина на куќата. Другата ќерка паднала во бунарот и се удавила. Момчето починало од непозната болест, а мајката поради смртта на децата се обесила, по неа самоубиство извршил и таткото.
За ,,зелената куќа,, на духовите документарна емисија сними и новинарката Катерина Групче, која се емитуваше на МТВ во рамки на емисијата ,,Талкачи,, за само 10 месеци видетото поставено на youtube го погледнале 58.000 луѓе