Куќата на Калеш Анѓа ќе чека гости и на спиење


Реставрација на куќата на македонската хероина Калеш Анѓа во мариовското село Старавина која во моментот е во руинирана состојба ќе започне во најскоро време, а со дополнетиот проект таа нема само да претставува етно музеј туку ќе има и дополнителен капацитет за престој на туристите.

kales angja kukja“Сите процедурални работи се завршени така што останува во Солун да го потпишеме и договорот со кој ќе бидат префрлени средствата од Европската унија, по што веднаш ќе бидат распишани и тендери за градежни работи. Тендерите би требало да бидат завршени за дваесетина до месец дена. Средствата, пак, ќе бидат наменети, освен за реконструкција на Куќата на Калеш Анѓа, и за Воденицата, мостот во Зовиќ и црквата “Св. Димитрија” во Градешница. Во рамките на куќата планираме да бидат отворени и соби за престој на туристите за што зборувавме и со сопственикот на куќата. Тој дел од изградбата ќе биде финансиран од општинскиот буџет”, вели Котевски.

Куќата на Калеш Анѓа е овековечена во романот на Стале Попов како синоним на македонската борба против потурчувањето. Објектот е ѕидан од камен и од бела земја, автентичен за овој крај, но во моментот е запуштена и обрасната со плевел.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1