Украле 5 тони Нутела од камион


nutelaНепознати сторители украле од паркиран камион на Нутела пет тони чоколаден крем со лешник, соопшти денеска германската полиција.

Кражбата на седум палети кутии наполнети тегли Нутела во вкупна вредност од околу 16.000 евра, се случила за време на викеднот во градот Бад Херсфелд во централниот дел од Германија.

Од тој паркинг крадци претходно краделе големи количини прехранбени производи како и пет тони кафе вредно 30.000 евра.

Паркингот од каде најмногу се краде е североисточно од Франкфурт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1