Куќи и станови во цела Македонија – Комерцијална банка продава домови под хипотека


Низа станови и куќи во Скопје, Радовиш, Тетово, Кичево и уште 16 други македонски града продава Комерцијална банка, а за да наплати побарувања односно хипотеки по основ на издадени кредити. Во продолжение следува дел од понудата на банката од последниот оглас за продажба:

СКОПЈЕ

Куќа од 748 квадрати со двор од 1.496 квадрати во Скопје на улица Рупа во Бардовци се продава со товар закупоприматели по цена од 49.409.979 денари.

stan pari kukjaБанката нуди на продажба и да стана во Скопје во Н..Лисиче на улица В.С.Бато бр.71/1 кои се споени како една целина со вкупна површина од 211 квадрати по цена од 11.070.000 денари.

Во Радишани банката продава стан од 87 квадрати по цена од 2,7 милиони денари. Во главниот град се нуди на продажба индивидуален станбено–деловен објект во Скопје на ул. Радишански пат од 1.107 квадрати по цена од 39.649.990 денари.

Банката продава и стан во Скопје од 51 квдарат на ул.. Н..Парапунов по цена од 3.290.250 денари, како и стан во Скопје од 71 квдарат на ул. Козле бр..88/1 по цена од 5.212.433 денари.

ТЕТОВО

Во Тетовско банката нуди на продажба станбен објект во с.. Непроштено од 123 квадрати по цена од 2.518.715 денари, како и хала во с.Непроштено од 124 квадрати по цена од 1.906.079 денари.

КИЧЕВО

Во Кичево се продава недвижен имот – земјиште од 69.838 квадрати (поранешна фабрика Тане Цалески – Металика) и објект од 8.758 квадрати по цена од 86.998.313 денари.

СТРУГА

Во Струга се нуди на продажба недвижен имот во Струга (КИМИКО ГАРДИНЕ) со површина од 3.328 квадрати по цена од 60.960.120 денари.

ОХРИД

Во Охрид се нуди на продажба недвижен имот – хотел (РИВИЕРА) на кеј Маршал Тито со вкушпна површина од 2.008 квадрати по цена од 211.982.101 денари. Се продава и стан од 46 квадрати по цена од 2.240.000 денари.

ПРЕТОР

Бнаката продава и недвижен имот – хотел во Претор кај Виногради со површина од 1.232 квадрати по цена од 58.721.379 денари.

БИТОЛА

Во Битола се продава деловен простор во брусничко–лавчански регион од 137 квадрати
по цена од 2.440.000 денари.

ПРИЛЕП

Во Прилеп се продава недвижен имот – производствен погон од 1.320 квадрати по цена од 18.300.000 денари, како и индивидуална станбена куќа на ул. Ѓорѓи Димитров со вкупна површина од 265 квадрати по цена од 3.255.611 денари.

КАВАДАРЦИ

Во Кавадарци на продажба се нуди дел од куќа во Кавадарци на ул. Стив Наумов бр.8 со вкупна површина од 84 квадрати по цена од 776.819 денари.

ГЕВГЕЛИЈА

Во Гевгелија се нуди на продажба опрема за производство на цевки и црева по цена од 42.261.564 денари.

БОГДАНЦИ

Куќа со деловен простор на ул. Маршал тито бр..106 во Богданци со површина од 380 квадрати се продава по цена од 6.045.425 денари.

ВАЛАНДОВО

„Свињарска фарма““ во Валандово со површина од 419 квадрати се продава по цена од 1.107.000 денари.

БЕРОВО

Дел од куќа на кеј ЈНА бр.3 во Берово со површина од 95 квдарати се прдоава по цена од 1.780.993 денари.

ДЕЛЧЕВО

Куќа во Делчево на ул..Глигор Прличев бр..20, со површина од 175 квадрати се продава по цена од 1.727.650 денари.

КОЧАНИ

Дел од куќа во Кочани на ул.. Григор Прличев од 70 квадрати се продава по цена од 1.010.673 денари. Се прдоаваат и деловни простории во Кочани на ул. Гоце Делчев по цена од 950.364 денари.

КРИВА ПАЛАНКА

Недвижен имот-деловни простории во Крива Паланка (АД Карпош Декор) на површина од 751 квадрати се продава по цена од 45.717.030 денари.

ШТИП

Се нуди на продажба деловно–производствен погон и опрема во Штип (преземен од МАКСИМА Штип) со вкупна површина од 3.307 квадрати по цена од 81.082.339 денари.

РАДОВИШ

Дел од куќа во Радовиш на ул.Јане Сандански од 111 квадрати се продава по цена од 1.115.882 денари.

emagazin.mk

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1