47 годишнта Керол Хокинс е прогласена за виновна по повеќето од 180 точки на обвинението според кое од 2004 до 2008 година си потпишувала чекови и подигнувала пари од сметката на басистот на U2 Адам Клејтон.
На крајот вкупната сума за која го олеснила музичарот е 2,8 милиони евра.
Со парите си купувала скапа гардероба, 22 коњи, автомобили, платила за факултетот на двете деца, авионски карти прва класа. Судјата Патрик Мекартан заклучил дека таа не покажала каење и мора да е строго казнета.