Кулиќ: Не кажуваме кој е одговорен за смртта на Борис Трајковски


Шефот на Истражниот тим, Кулиќ, вели дека кон средината на декември извештајот ќе биде подготвен за претставување во јавноста.

На властите во Македонија им е пратен извештајот за падот на авионот во кој во 2004. година во Босна и Херцеговина загинал претседателот на оваа земја, Борис Трајковски, рекол за агенцијата Srna шефот на Истражниот тим за утврдување на падот на авионот со македонските официјални лица, Омер Кулиќ.Boris-Trajkovski-630x418
“Тоа е наша меѓународна обврска. Ги чекаме нивните коментари кои ќе пристигнат во текот на наредната седмица, по што извештајот ќе биде печатен во завршна форма”, прецизирал Кулиќ, пренесува AlJazeera.

Според неговите зборови, кон средината на декември извештајот ќе биде подготвен за претставување во јавноста.

Утврдена е причината

Завршниот извештај за падот на авионот со официјалните македонски лица, во кој во 2004. година настрадал и претседателот Трајковски, прво ќе биде предаден во собранието на БиХ и на главниот обвинител на таа земја, па објавен на интернет страната на Министерството за транспорт и комуникација на Босна и Херцеговина.
Trajkovski_kinger_0_1
Потоа истиот ќе им биде проследен на македонските власти и главниот обвинител.

Кулиќ претходно за Srna изјавил дека овој тим во целост успеал да ја утврди причина за падот на “Кингерот” и смртта на македонскиот претседател.

“Точно утврдивме што се случило. Сите актери во тој настан беа опфатени во истрагата, но не смеам да кажам кој е одговорен. Наша задача е да истражиме како паднал авионот, тоа ќе го пренесеме на нашиот и македонскиот обвинител, а нивна одлука е што ќе прават со тоа понатаму, бидејќи тие се светските стандарди во овие активност”, објасил Кулиќ.

Процедурална грешка

Истрагата за падот на авионот “Кингер”, повторно била отворена на барање на Македонија, по собраните дополнителни докази од македонското министерство за внатрешни работи, пишува AlJazeera.

Комисијата за истражување на причините за несреќата, која претходно била формирана од Собранието на министри на Босна и Херцеговина, заклучила дека причина за падот била “процедурална грешка на пилотската екипа во фаза на слетување на мостарскиот аеродром, која придонела за тоа авионот да удри во брдо”.

Во првобитната истрага, Обвинителството на БиХ за авионската несреќа кај Мостар, во која загинал Трајковски, шест членови на делегацијата и два пилота, не обвинило никого, бидејќи истрагата покажала дека нема елементи за започнување на кривична постапка.

Покрај Трајковски, во таа несреќа погинале советниците од неговиот кабинет и двајцата пилоти на авионот, пренесува AlJazeera.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1