Кумановец се обидел да се самоубие со врвка од патика во полициско возило


На 11.11.2016 година во 18.45 часот од с.Добрашане, кумановско, по пријава од неговата сопруга за вршење на семејно насилство и малтретирање, бил приведен Б.Ѓ. (28) од с.Речица, кумановско, кој бил под дејство на алкохол, а со цел да се задржи во Полициската станица Куманово до негово отрезнување, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При транспортот во службеното Патничко возило , Б.Ѓ. со врвката од патиката се обидел да се самоубие, но бил забележан од полицискиот службеник и спречен во намерата.KUMANOVO_

Бидејќи изгубил свест, со возило на Итна медицинска помош истиот бил пренесен во Општа болница Куманово, каде утврдиле дека имал краток застој на циркулација на крв низ телото (главата). Веднаш потоа во безсвесна состојба бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1