„Купи куќа за млади“: Груевски објави мега проект за млади лица до 35 годишна возраст


Едно од најзначајните животни прашања е обезбедувањето на сопствен дом. Тоа е голем предизвик. Како Влада оваа тема секогаш ни е врвен приоритет. Преку многу мерки и проекти сме ги унапредувале условите за стекнување на дом за секоја општествена група преку обезбедување на станови за социјално ранливи групи и изградба за млади брачни парови, намалување на ДДВ од 18 на 5 %, бесплатни проекти за куќи и други мерки.

Ова денеска го изјави премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, на прес конференција на која најави одлични поволности за младите лица до 35 години кои сакаат да се стекнат со нов дом.stan pari kukja

-Во функција на создавањето на подобри можности за стекнување на дом Владата обезбеди законски услови со кои се предвиде почетна цена за земјиште за изградба на куќи да е 1 евро за метар квадратен и дополнително намалени се комуналиите. Од неодамна Министерството за транспорт и врски објави проекти за типски куќи. Еден од најзначајните проекти во оваа смисла е проектот „Купи куќа, купи стан“, преку кој во изминатите 4 години преку неповратни средства, субвенции од Владата во износ од 4,7 милиони евра, се помогна на 728 семејства да го решат прашањето за стекнување на сопствен дом. Одиме чекор понатаму. Преку усовршување на проектот и воспоставување на посебен фокус за поддршка на млади до 35 години за да можат да стекнат свој дом. Токму младите семејства се тие кои тукушто започнуваат да создаваат сопствен дом и имаат приоритет. Најдоцна од 1 февруари 2016 година ќе стартува нов проект „Купи куќа за млади“. Проектот ќе значи сериозно, драматично и извонредно позитивно унапредување на условите за купување куќа за млади преку дополнителни поволност, изјави премиерот.

Со проектот„Купи куќа за млади“ на младите до 35 годишна возраст кои се или не се во брак Владата на Република Македонија преку 2 модела кои ќе може да се изберат ќе им даде можност да добијат неповратни средства за да купат куќаgruevskii

Првиот модел предвидува исплаќање на субвенции на месечната рата во период од 11 години од 80% од средствата 8 години и 50 % за три години после овие 8 години. Владата исплаќа субвенции на месечната рата на кредитот и главница и камата за стекнување на куќа и тоа во период од 11 години од вкупно 20 години.

Вториот модел предвидува исплаќање на субвенција во висина од 100% од средства за учество во кредитот за стекнување со куќа, а понатаму кредитот младиот човек сам ќе си го исплаќа.

-Субвенцијата ќе се однесува и овој проект ќе важи за купување на новоизгардени куќи од градежни компании со цел потоа да се продадат, куќи во кои треба да се всели прв сопственик или изградба на своја куќа, надградба и доградба на куќа. Вака ставаме фокус на дополнителна поддршка на градежништвото во Република Македонија, што ќе придонесе за поголема профитабилност на градежните компании и нови работни места во градежниот сектор, додаде Груевски.

Со овој концепт, изјави премиерот, се дава поддршка на домашните економски субјекти кои произведуваат основен и помошен материјал за изградба, како и оние кои вршат производство за ентериерно и екстериерно уредување на куќите.

Условите за аплицирање за овој проект се исти како условите за проектот „Купи куќа-купи стан“, со дополнителен услов барателот на кредит да има до 35 години.

Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или до 1300 евра за брачните другари. Услов е и корисниците да не поседуваат друг стан или куќа, да бидат кредитоспособен барател и да немаат земено друг кредит за куќа или стан.

Овој проект е наменет само за куќи, а не за станови, со цел дополнителна поддршка за раст на наталитетот. Премиерот вели дека докажано е дека куќата како живеалиште е својствена за повеќедетни семејства поради можноста за доградби и надградби, а можноста за надградби и проширување на куќа е можност и за проширување на семејство.

Средствата за овој проект се од  Буџетот за 2016-та година, а како што истакна премиерот, зависно од заинтересираноста, со ребаланс ќе се зголемат и средствата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1