ЛАЗАНСКИ:Се наоѓаме во првата фаза од трета светска војна


Третата светка војна трае, само ние се уште не сме свесни за тоа, смета аналитичарот Лазански.

Поради драстичниот пад на вредноста на рубљата, намалената цена на нафтата и санкциите кои и се воведени од Запад, Русија се наоѓа во економска криза, а новинарот и воено политички аналитичар Мирослав Лазански, ваквата ситуација ја оценува како почеток на третата светска војна.

miroslav lazanski

Според него, актуелниот економско-финансиски спор со Русија, претставува опасност за целиот свет.

Рубљата е во историски пад, а многу сметаат дека тоа е почеток на последицата, која најголемата земја допрва ќе ја почувствува. Трае третата светска војна и тоа финансиска, а ние не сме свесни за тоа.Сега ситуацијата многу зависи од Европската Унија, од тоа како таа ќе се постави кон Америка, бидејќи САД не чувствуваат последици од санкциите кои им се воведени на русите. Меѓутоа, земјоделството во Европа и тоа како страда. Америка всушност сака да војува со Русија преку грбот на Европа, објаснува Лазански.

Веста за падот на руската валута, се појави спорадично во претходните месеци, но во вторникот изненади информацијата дека нејзината вредност достигна историски ниско ниво во однос на доларот и еврото и покрај драстичните мерки кои ги воведе Централната Банка.

Всушност, таа институција одлучи да ги зголеми референтните каматни стапки од 10,5 на дури 17 отсто, што повторно не даде
посакувани резултати. Руската валута вчера се појачала минимално.

Руските милијардери, годинава изгубиле дури 50 милијарди долари под влијание на западните санкции и падот на цената на нафтата. Поради тие два причинитела, сметките на 15 најбогати руси се покосени. Се работи за сопственици на обврзници во енергетскиte гиганти во земјата, кои сe први погодени по воведувањето на санкциите.

Пентагон призна дека трупа војска на границите со Русија за да како што вели, опбезбеди мир и стабилност во регионот. На тоа реагираше Москва, која истакна дека западњаците си играат со претераното приближување, што ги подгреа шпекулациите дека во секој момент може да дојде до воен судир.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1