Лазаревски: УБК ги прислушуваше и сопругата и братот на Мијалков


Покрај стотина политичари, бизнисмени и новинари таргети за прислушување на УБК биле и броевите на потесното семејство на Сашо Мијалков. Ова го тврдеше Ѓорѓи Лазаревски.

Лазаревски како укажувач во полиција отишол по апсењето на Зоран Верушевски.

Шест години затвор како спогодба му понудил обвинителот Златко Биковски кој го водел случајот Пуч. Поради тоа што одбил да потпише спогодбата пред судија, како што рече добивал закани а и бил префрлен во самица.

Кога обвинителот ми ја покажа спогодбата која ја потпиша Звонко Костовски, и кога видов за кои кривични дела го гонат, знаев дека нема да одговарам за случајот. Тогаш сфатив дека се сменија улогите, дека јас немам сторено кривично дело, а тој човек пред мене, обвинителот направил тешко кривично дело.

Во случајот Тврдина – Таргет кој се однесува на масовното прислушување обвинет е и екс шефот на УБК Сашо Мијалков на кој притворот му беше укинат и заменет со притвор како осомничен во случајот Империја. Неофицијално како гаранција за да се брани од слобода понудил милион евра во недвижен имот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1